„Ова е најефективниот начин да се спречи нова руска инвазија. Праведен и траен мир во Украина е невозможен доколку на Киев не му се дадат гаранции дека Русија нема повторно да ја нападне земјата“, рече Мелони по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Рим, пренесува УНН.
„Мора да се направат напори за да се постават темелите за праведен и траен мир во Украина, што ќе биде возможно само доколку на Киев му се обезбедат соодветни безбедносни гаранции. Така би спречило повторување на вакви настани и европските нации кои се чувствуваат загрозени би можеле да бидат сигурни“, додаде Мелони.
Таа нагласи и дека безбедносните гаранции за Украина треба да се спроведуваат во рамки на НАТО.
„Верувам дека ова е најдобрата структура за да се гарантира мир кој нема да биде ниту кревок ниту привремен, за да нема ризик Европа да западне повторно во драмата на војна. Другите решенија ми се чинат покомплицирани и, искрено, помалку ефективни“, заклучи Мелони.