„Директно ја изразивме нашата длабока загриженост пред меѓународната заедница и сметаме дека Алжир е законски и морално одговорен за ова флагрантно прекршување и непочитување на меѓународното хуманитарно право на неговата територија“, додадоа од Центарот.
Во соопштението се потсетува дека Алжир ја ратификува Конвенцијата за правата на детето и дека има обврска да ги почитува, штити и исполнува правата на децата на живот, приватност, слобода на мислата и нивно мирно собирање.
„Нашиот центар ги повикува сите активисти за човекови права, истражувачи и новинари да покажат професионална совест и интелектуален интегритет со цел милицијата на Полисарио да престане да врши притисок врз родителите “, се вели понатаму во соопштението.
Меѓународниот центар за истражување на превенцијата на деца војници има за цел да придонесе во борбата против регрутирањето на деца војници, особено преку подигање на свеста за нивната судбина, процесите на нивното регрутирање, како и за основните причини кои го поттикнуваат ова зло.