Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива, која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а во 2022 година ги прошири своите активности и во други земји, вклучително и во Македонија, трансформирајќи се во меѓународна програма. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на групацијата Лимак за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областите.
Иницијативата GEG има за цел да го зголеми учеството на жените во професии и индустрии каде што тие се традиционално помалку застапени и да ја зголеми родовата еднаквост во општеството. Проширувајќи го опсегот на своето делување, иницијативата го зголемува своето влијание и обезбедува поддршка на одржливиот развој на глобално ниво.
Од почетокот на реализацијата на инцијативата во нашата земја, Global Engineer Girls North Macedonia обезбеди поддршка за 54 студентки запишани на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за информатички технологии на државните универзитети од целата земја. Поддршката што GEG North Macedonia им ја дава на идните жени-инженери, покрај стипендии, вклучува и можности за практикантска работа, учество во менторска програма и обуки за развој на дигитални и друг вид „меки“ вештини.