Одговор на овие прашања на симпозиумот што ќе се одржи од 09:30 до 13 часот, во хотел „Лимак“ Скопје, ќе дадат претставници на меѓународната академска заедница, истакнати експерти и истражувачи за медиумска писменост и вештачка интелигенција.
Симпозиумот кој е организиран како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ преку Институтот за комуникациски студии ќе го отвори програмската координаторка на ИКС, Александра Теменугова, а воведно обраќање ќе има и директорката на Канцеларијата за општ развој на УСАИД, Дон Кармин.
По воведните обраќања ќе се одржат две панел-дискусии посветени на „Општеството и медиумите во доба на вештачката интелигенција“ и „Прилагодување на образованието на новиот бран на технолошки промени“.
Симпозиумот ќе биде заокружен со работилница за вештачка интелигенција за млади „AICafé: Интерактивно учење и истражување“ на која ќе се направи преглед на најпопуларните алатки за вештачка интелигенција и како младите можат продуктивно да ги користат истите и да се заштитат од штетни влијанија.