Настанот се организира со поддршка на Советот на Европа во рамките на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ кој е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заеднички проект на ЕУ/Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.
Како што информираат од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, на настанот ќе се обратат министерот за правда Игор Филков, Лилја Гретарсдоттир, раководителка на Одделот за примена на човекови права, правда и стандарди за правна соработка во Совет на Европа и заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Бен Нупнау.
Во рамки на настанот ќе бидат прогласени и победниците на натпреварот во фотографии и цртежи „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките“, кој што беше објавен на 25 октомври по повод Европскиот ден на правдата и ќе бидат изложени најдобрите дела од натпреварувачите.