четврток, 12 декември 2024

Меџити: Владата наскоро ќе има над 80 пратеници, ДУИ ги лаже членовите за да не заминат

Заменик-премиерот и министер за животна средина Изет Меџити го нарече неосновано барањето на албанската опозиција за нови избори, бидејќи според него, актуелната влада за првпат има мнозинство од две третини од гласовите.

Објавено на

часот

Сподели

„Албанската опозиција, која беше долго време на власт, никако не може да се помири со фактот дека не е дел од оваа Влада. Во демократијата постои правило дека првите 100 дена и се даваат шанса на новата влада додека се позиционира и етаблира, а потоа започнува поострата кампања, нешто што овие не го почитуваат. Од 90-тите години до денес не сме имале влада со 78 пратеници, која наскоро ќе има и над 80. Знаете дека минатите 4 години Владата беше на стаклени нозе со 61 пратеник и не падна, па како сега би паднало мнозинство со две третини од бројот на пратениците“, рече Меџити во Пик поткаст.

Тој ги коментираше случувањата во ДУИ, каде што, како што вели тој, раководството постојано ги лаже своите членови како механизам за да не се распаднат.

„ДУИ користи механизам на лажење на широкото членство за да не си заминат. Кажуваат дека ќе се вратат за еден месец, за два месеци, дека ќе организираат протести. Потоа, кога ќе видат дека немаат поддршка за протести, велат дека ќе организираат средби со граѓаните, а кога тие средби се одржуваат, ги држат со партиските структури, кои патуваат од Куманово до Липково и обратно, лажат едни со други“, изјави Меџити.

Меџити изјави дека правичната и соодветната застапеност на Албанците е уставна категорија.

„Формиравме работна група од експерти и претставници на политичките партии во владата. Јас и Арбен Фетаи како заменик-премиер сме дел од оваа група. Имавме неколку состаноци, има предлози од другата страна, ги анализираме и веруваме дека наскоро ќе дојдеме до решение кое ќе ја зачува оваа уставна категорија и нема да и дозволи на Уставниот суд повторно да го поништи овој закон“, рече Меџити.

Меџити гарантира дека политичкиот договор ќе важи за одржување на етничката застапеност при вработувањата. Тој најави дека на18 ноември ќе се одржи заедничка седница со Владата на Косово.

„На 18 ноември ќе има заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово во Приштина, со неколку теми. Првата тема ќе биде „Уан стоп шоп“ на граничните премини Блаце и Јажинце, која ќе го олесни движењето на граѓаните и стоките. Втората тема ќе биде енергетската соработка меѓу двете земји. Тема ќе биде и патот Тетово-Призрен, кој значително ќе го олесни сообраќајот во овој правец“, најави Меџити.

Заменик-премиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, коментираше и за планот за намалување на загадувањето на воздухот преку акционен план на владата.

„Имаме акционен план за намалување на загадувањето на воздухот. Еден од проектите е гасификација на урбаните центри, иако неколку пати не успеал, треба да се проба повторно бидејќи има заинтересирани компании кои би го спровеле ова преку јавно-приватно партнерство“, рече Меџити.

Коментирајќи ги владините инвестиции за проекти на општините, Меџити соопшти дека владата од 1 јануари 2025 година ќе додели дополнителни 250 милиони евра за општински проекти.

„Бидејќи е половина година, беа одвоени 100 милиони евра, а од 1 јануари ќе се одвојат уште 250 милиони евра, повторно за комунални проекти, за витални проекти. Не можеме да зборуваме за европски фронтови, за Европската Унија, да претендираме Европа кога имаме проблеми со канализацијата, водоводот, со елементарните прашања на граѓаните“, изјави Меџити.

Според Меџити, граѓаните не заминуваат во дијаспората само поради вработување, туку заминуваат и поради основните услови за живот, безбедност и слично.

Меџити, вети дека во рок од еден месец граѓаните ќе го почувствуваат владиното вложување во секоја општина како никогаш досега во изминатите 20 години.

„Мислам дека граѓаните ќе го видат ефектот од инвестициите на владата во рок од еден месец во секоја општина, со проекти какви што немало во изминатите 20 години, без разлика за која општина станува збор, што ќе биде значаен поттик за претпријатијата и локалната економија“, рече Меџити во подкастот Пик поткаст на Ора 24.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ