среда, 4 декември 2024

Меџити: Третата фаза од реконструкцијата на Старата скопска чаршија ќе почне до април 2025

До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Објавено на

часот

Сподели

„ Старата скопска чаршија е од посебно значење за целата држава. Додека за третата фаза од плоштадот Скендербег има одлука да се изгради подземен паркинг за 400 возила, што ќе го реши главниот проблем за Старата скопска чаршија и ќе го заокружи проектот плоштад Скендербег. Инвестицијата на проектот е околу 20 милиони евра. Битно е дека Чаршијата ќе биде попристапна за граѓаните и за туристите. Тука има 700 дуќани и се важен економски капацитет за државата и економијата“, рече вицепремиерот.

Меџити нагласи дека работат на решавање на проблемот со паркинг-места во Старата скопска чаршија.

„ Владата донесе одлука да го реши главниот проблем на Старата скопска чаршија, а тоа е паркирањето. Воедно, работиме во две насоки – прво да се ослободи паркингот до хотел Буши каде има паркинг за 100 автомобили и кој 30 години не функционира, бидејќи е претворен во магацин. Заедно со министерот за култура и со директорот работиме тој да се ослободи и да има нови 100 паркинг места“, рече Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ