понеделник, 14 октомври 2024

Медведев: Украина ќе исчезне бидејќи никому не му е потребна

Објавено на

часот

Сподели

Медведев на социјалните мрежи порача дека Украина не ѝ треба на Европа, ниту на САД, Африка, Јужна Америка, Азија, ниту пак на Русија.

Според неговото мислење, на Европа Украина не е ѝ потребна бидејќи поддршката за Украина по наредба на САД веќе им донела на Европејците вистински финансиски и политички пекол – бегалци, инфлација, поскапување на енергенсите, што доведе до експлозија на незадоволството и во западна и во источна Европа.

Медведев смета дека Украина не им е потребна ни на Соединетите Американски Држави и додава дека обичните Американци воопшто не разбираат што е Украина и каде се наоѓа. Тој го постави прашањето зошто естаблишментот во САД не се бави со инфлацијата и проблемите во својата земја, туку со Украина и смета дека граѓаните на САД порани или подоцна ќе го постават тоа прашање.

Тој смета дека Украина не им е потребна ни на Африка ни на Јужна Америка и додава дека стотиците милијарди долари кои САД ги трошат на Украина би биле доволни за многу програми за социјален развој на јужноамериканските и африканските држави.

Поранешниот руски претседател тврди дека ни на Азија не ѝ треба Украина, бидејќи, според него, азиските земји на примерот на Русија гледаат како се развиваат „обоени“ технологии, за да се елиминираат најголемите конкурентски сили.

„Тие разбираат какво сценарио им подготвува колективниот Запад на чело со Америка во случај на непослушност“, порача Медведев.

Наведе дека ни на Русија не ѝ треба Украина и тврди дека „деловите од Русија под назив Украина во границите од 1991 се само недоразбирање создадено со распадот на СССР“. Според него, на Москва ѝ е потребна „голема Русија“.

„На крајот, Украина, на чело со нацистичкиот врв, не им е потребна ни на самите нејзини граѓани“, тврди Медведев и додава дека затоа на Украина ѝ останале 20 милиони од 45 милиони жители.

Според Медведев, Украинците се принудени да живеат во постојана нервоза и страв и да бараат подобар живот во други земји и континенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ