петок, 6 декември 2024

Медведев: Германското снабдување на Украина со ракети Таурус го зголемува ризикот од ескалација

Германското снабдување на Украина со ракети Таурус нема да го промени текот на војната, но во голема мера ќе го зголеми ризикот конфликтот да премине „во најопасната фаза“, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека „ултиматумот“ на германскиот кандидат за канцелар Фридрих Мерц до Русија да стави крај на војната, или Берлин ќе испрати ракети Таурус во Киев, е предизборна стратегија што не може да го промени текот на војната, пренесува Тасс.

„Испораката (на ракети) е само начин да се продолжи агонијата на украинскиот режим. Но, ризикот од ескалација на конфликтот до најопасната фаза е значително зголемен со нападите од крстосувачките ракети. На ова предупреди и нашиот претседател“, рече Медведев.

Тој истакна дека наводната желба на европските политичари да ја прошират војната на териториите на своите земји е „неверојатна“ и дека тоа е во согласност со желбите на САД, но против интересите на европските народи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ