Руските обвинители ја обвинија 26-годишната Дарја Тепова за тероризам. Истражната комисија за тешки кривични дела соопшти дека Тепова е обвинета за извршување „терористички чин на организирана група кој предизвикал намерна смрт“. Додадоа дека постапувала по упатства на луѓе кои дејствуваат во име на Украина.
„Опозицијата води војна против сопствениот народ. Тоа се луѓето кои Западот ги смета за најдобрите во Русија, противниците на „авторитарниот режим“… Ги сметаат за бестрашни витези на правдата и борбата против корупцијата, а се бават со тероризам. Тоа е кремот на нашата опозиција која се бави со убиства и експлозии“, напиша Медведев на Телеграм.
„Овие ѓубриња не само што сакаат Русија да биде поразена, туку сакаат и смрт на своите сонародници“, кажа Медведев и додаде дека „засега не се казнети главните ѓубриња кои ги хранат и финансираат убијците и им ги диктираат плановите“. Спомна дека меѓу нив се поддржувачите на затворениот руски опозиционер Алексеј Навални.
„Не може да има разговор со терористи. Ќе бидат истребени како бесни кучиња. Не заслужуваат ни милост ни прошка“, порача Медведев.