вторник, 15 октомври 2024
Реакција на Демократско движење

Меџити: ДУИ да ги заврши двата километри од патот кон Блаце, а не да го присвојува проектот Тетово-Призрен

Објавено на

часот

Сподели

„Проектот на патот Тетово – Призрен заедно со тунелот е одлична идеја. Тоа е важна артерија не само на национално, туку и на меѓународно ниво. Неодамна се ажурираше проектот, а особено кулминираше со посетата на косовскиот премиер Аљбин Курти на Скопје и Тетово, кој уште еднаш зборуваше за важноста на овој пат што гќе ги поврзува двата историски значајни града.

Овој пат и онака ќе се направи, но не со ДУИ, која очекувано има тенденција да го присвои како партиски проект.

Затоа, пред да се зборува за овој голем проект, функционерите на ДУИ треба да ги завршат двата километри од патот Блаце – Скопје, кои со години стојат незавршени. Тие треба да ја завршат работата во тунелот долг само неколку десетици метри, кој со месеци претставува вистинска ноќна мора за оние кои патуваат од Косово кон Скопје или обратно.

Но, ќе треба да ги расчистат и корупциските скандали поврзани со Коридорот 8.

ДУИ нема морално право да зборува за проектот Тетово – Призрен, иако на сите им е јасно дека ќе се потрудат да ја искористат и оваа иницијатива, бидејќи лидерите на оваа партија знаат дека парламентарните избори се многу блиску и дека нивниот крај е исто така блиску. Нивниот единствен пат ќе биде оној пат што ќе ги одведе во пораз“, се вели во соопштението на Демократско движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ