недела, 14 април 2024
Прес-конференција на Левица

Мециновиќ: СДСМ е антимакедонска и најантиевропска партија

„Регресивната, антимакедонска, авторитарна, криминална, злосторничка бизнис партија СДС е изразено и најантиевропска партија во Република Македонија. За ова сведочат бројки и факти – во нивно време ги добиваме историски најлошите извештаи од ЕК кои забележуваат регрес во сите ресори. Пред сѐ тие се криминалци кои ја издигнаа корупцијата на светско ниво“, изјави портпаролот на Левица, Амир Мециновиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„За нив европски вредности се состојат во злоупотреба на европското знаменце за да амнестираат луѓе како Рамиз Мерко кои се наоѓаат на црната листа на САД – и по секоја цена да се внесат Бугарите во Уставот.

Ова е влада на Анѓушевци и олигархијата, и сега следи ново вето од повлијателна држава поради состојбата со корупцијата“, изјави портпаролот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ