Килијан Мбапе минатата недела го извести ПСЖ дека заминува по крајот на сезоната, и иако нема ништо официјално, речиси на сите им е јасно дека напаѓачот ќе се пресели во Реал Мадрид.
Денешното издание на Марка вели дека Французинот веќе потпишал со „кралевите“, станува збор за петгодишна соработка.
Весникот додава дека финансискиот дел е за нијанса понизок од соработката која била договорена во 2022 година.
Килијан Мбапе сега ќе има плата од 15-20 милиони евра нето, плус бонуси. И со вакви бројки, тој ќе биде најплатен на „Бернабеу“.
Што се однесува за бонусот за потпис, во 2022 била договорена сума од 130 милиони евра, но и таа сега е корегирана.