Килијан Мбапе влезе во војна со ПСЖ откако одби да ја искористи опцијата за продолжување на соработката до 2025 година, но на почетокот од оваа недела двете страни се помирија, напаѓачот се врати на тренинзите и се очекува да остане во Париз.
Но како што пренесува новинарот Еду Агире, напаѓачот на луѓето блиски до него им се доверил дека планот и понатаму остaнува ист, се сели во Реал Мадрид летото во 2024 година.
Останува да се види само како би се извело сето тоа, дали Килијан Мбапе ќе стави потпис на нов договор со ветување дека ќе може да направи трансфер за одредена сума или пак ќе се откаже од големиот број богати бонуси и на ПСЖ ќе му заштеди стотина милиони со цел како слободен играч да го напушти клубот.