На снимката се гледа како човек ја стартува моторната пила, а луѓето се оддалечуваат од него.
Според достапните информации, обезбедувањето на клубот се соочило со лицето и успеало да му ја одземе моторната пила и да го отстрани од местото на настанот.
Напаѓачот бил во видно алкохолизирана состојба, пишува српска Нова.
Засега нема други информации за овој случај, полицијата сѐ уште се нема огласено.