„Синоќа во 18.30 часот, полициски службеници од полициската станица Неготино го лишиле од слобода неготинецот Б.М.(59), затоа што во семејната куќа физички ја нападнал неговата 58–годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.