На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според информациите, таа е во добра состојба и нема здравствени проблеми.
„Полицијата гарантира дека е секогаш блиску до граѓаните и посетителите, подготвена да понуди помош во секој случај. За секоја слична ситуација граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112“, објави полицијата.
Тоа што неофицијално може да се дознае е дека на морскиот брег имаше бура и можно е во обид да се извлечат од надоаѓачката вода, да се случила повредата.