Лабуристичката влада на Австралија вчера воведе закон со кој платформите ќе ги казни до пет отсто од нивниот глобален приход за овозможување ширење на дезинформации, пренесува Ројтерс.
Предложениот закон ќе бара од платформите да воспостават кодекси на однесување за да се запре ширењето на лажни вести.
Портпаролот на министерката за комуникации Мишел Роуланд во е-пошта рече дека компаниите кои работат во Австралија мора да ги почитуваат нејзините закони.
„Оваа легислатива ја подобрува транспарентноста и одговорноста на платформите за корисниците и австралискиот народ“, рече Роуланд.
Во претходен судир со австралиската влада, Икс во април ја оспори пред суд наредбата на австралискиот сајбер регулатор да се отстранат некои објави за нападот со нож на бискуп од Сиднеј, поради што премиерот Антони Албанис го нарече Маск „арогантен милијардер“.
Икс ја блокираше можноста австралиските корисници на платформата да гледаат објави за нападот врз бискупот, но одби да ги отстрани глобално, тврдејќи дека правилата на една земја не треба да го контролираат интернетот.