Маск на Икс реагираше на објава на поддржувач на Трамп, кој напиша: „Време е да ги напуштиме ОН и НАТО“, одговарајќи: „Се согласувам“.
I agree https://t.co/ZhjBXCTQfp
— Elon Musk (@elonmusk) March 2, 2025
Тензиите меѓу САД и ЕУ и Украина се сѐ поголеми во контекст на војната и напорите на Трамп за прекин на огнот. Трамп и претходно најави и презеде одредени повлекувања од меѓународните организации, додека трансатлантскиот сојуз и мултилатерализмот не му значат.
Администрацијата на Трамп наместо тоа се фокусира на билатералните односи, на затоплување на односите со Русија, а потоа сака да го пренасочи својот фокус на ривалството со Кина. Но напуштањето на ОН би било потег без преседан со несогледливи последици за меѓународниот поредок.