Марк Валберг во едно неодамнешно интервју изјави: „Доколку јас бев во авионот со моите деца, немаше да се случи тоа што се случи. Ќе имаше многу крв во кабината за прва класа и потоа ќе се слушнеше мојот глас „Сè е во ред, ќе слетаме безбедно, не грижете се“.
Една од вдовиците на жртвите од 11 септември ги нарече коментарите „навредувачки“.
Марк Валберг, акционата ѕвезда на „Борец“ и на „Заминати“, требало да биде патник на еден од авионите што удрија во Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001.
Откако ја дал изјавата за списанието „Менс џурнал“, 40-годишниот акетер објави формално извинување.
„Шпекулирањето со таква ситуација е, прво, смешно, а мојата изјава дека ќе направев нешто поинакво од патниците на авионот беше неодговорна. Длабоко им се извинувам на семејствата на жртвите за мојот бесчувствителен одговор. Тоа сигурно не беше мојата намера“, изјави Валберг.
Марк Валберг се извини што се правел Чак Норис
Објавено на
часот