По 1.034 дена, Марк Маркез стигна до победа во Мото ГП и потсети на оној стариот шампион кој доминираше со години.
Шпанецот имаше перфектен викенд во Арагон со пол-позиција во квалификациите, победа во спринт трката и победа во главната трка.
Конуренцијата не можеше да му парира, па тој денеска комфорно триумфираше пред Хорхе Марин и Педро Акоста.
И додека викендот на Марк Маркез беше перфектен, актуелниот шампион Пеко Бањаја имаше кошмар.
Италијанецот освои само бод во спринт трката, денеска излета по еден судар со Алекс Маркез, па Хорхе Мартин сега +23 на врвот во генералниот пласман.