вторник, 15 октомври 2024

Марин Лепен обвинета за финансиска измама: Се соочува со затворска казна до 10 години

На француската политичарка и екстремно десничарка Марин Лепен, заедно со уште 26 лица, ќе ѝ се суди под обвинение за финансиска измама, која наводно траела од 2004 до 2016 година.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинителството, Марин Лепен и нејзините колеги од партиите Национален фронт и Национален собир користеле пари наменети за плаќање асистенти на претставници во Европскиот парламент за да им платат на луѓето кои работеле за партијата во Франција.

Поранешната кандидатка за претседател на Франција негираше сè. Според неа, станува збор за „политички прогон“, додека од Европскиот парламент велат дека се оштетени финансиски, но и дека е уништен нивниот углед.

Доколку биде прогласена за виновна, максималната казна за овие кривични дела е 10 години зад решетки. Сепак, поголем проблем за Марин Лепен е фактот што заедно со оваа казна може да дојде и долгорочна забрана за политичка активност, пренесува Политико.

Лепен особено сака да го избегне овој дел од казната, бидејќи според сегашните анкети, веројатно има најголеми шанси да стане лидер на Франција на изборите што ќе се одржат во 2027 година, имајќи предвид дека сегашните анкети велат дека ја има поддршката од 40 отсто од граѓаните на оваа земја.

Се очекува дека Лепен ќе се обиде да направи политичко прашање од нејзиното судење, по примерот на Доналд Трамп и дека нејзината популарност ќе се зголеми доколку биде осудена. Не се знае кога ќе заврши судењето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ