Луксузното казино се отвори пред осум месеци. Тогаш компанијата објави дека модерното казино „Луксор“, сопственост на австрискиот бренд АПЕКС, која важи за супер бренд во индустријата на игри на среќа, е на површина од 2.500 м2 и располага со 327 електронски апарати и 15 маси за жива игра.
Во рамки на комплексот „Луксор“ има и модерен хотел со 4 sвезди кои овозможува капацитети за преноќување во 15 луксузно уредени соби со богата гастрономска понуда и ултра квалитетна испорака на услугите димензионирани и за индивидуалните очекувања на гостите.
Хотелскиот комплекс и казиното „Луксор“ се изградени по најсовремените светски архитектонски стандарди за екстерно и ентериерно уредување, со одличен капацитет да ги задоволи сите желби на традиционалните играчи.
Со својата понуда казиното „Луксор“ ги исполнува највисоките европски и светски стандарди за приредување игри на среќа.
View this post on Instagram