„Граѓаните“ оваа недела ги објавија последниот финансиски извештај, беа забележани рекордни приходи од 715 милиони фунти (околу 859 милиони евра) и остварена добивка од 73,8 милиони фунти (нешто над 88 милиони евра).
Па ова беше протолкувано како можност Пеп Гвардиола и Манчестер Сити да го одврзат ќесето во зимскиот преоден рок.
Приоритет е ангажман на замена на повредениот Родри, за кого сезоната е завршена по тешката повреда на коленото.
Актуелниот шампион на Англија на ум има две имиња, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Бруно Гимараеш од Њуксал.
Цената на Шпанецот е околу 50 милиони фунти (60 милиони евра), додека пак Бразилецот е двојно поскап и се проценува на 100 милиони фунти (120 милиони евра).