Тимот на Пеп Гвардиола ја оправда улогата на фаворит и ги освои трите бода од Стемфорд Бриџ.
Резултатот беше отворен во 18. минута кога Халанд постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.
Челси имаше неколку шанси, но не успеа да израмни, казната стигна во финишот кога Ковачиќ со удар од далечина погоди за 2-0. Хрватот не се израдува бидејќи токму од Челси пристигна во Манчестер Сити.