недела, 19 јануари 2025

Малта ѝ ја поништи визата на Захарова, Москва вели „случај без преседан“

Малта ѝ ја поништи визата на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, пред состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ, објавија вчера московските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова се случи токму во моментот кога руската делегација се подготвуваше за летот од Москва, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се нагласува дека станува збор за „случај без преседан“, бидејќи претходно одобрената виза на Захарова ѝ била поништена „пред настанот“.

„Причината беше формулирана на следниов начин: ‘Поради околности што се надвор од наша контрола’“, се наведува во соопштението и се додава дека руската делегација, предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, на претстојниот состанок ќе му посвети посебно внимание на прашањето за одбивање визи за различни настани под покровителство на ОБСЕ.

Министерскиот совет на ОБСЕ, главното тело за одлучување во организацијата, од 5 до 6 декември на Малта ќе го одржи својот 31. состанок.

Захарова претходно за ТАСС изјави дека Малта треба да обезбеди еднакво учество на сите делегации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ