среда, 11 декември 2024

Малолетник заврши во болница, го тепале група средношколци во Тетово

Денеска во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир.

Објавено на

часот

Сподели

„Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште“, велат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ