петок, 13 декември 2024

Макрон: Спогодбата за мир во Украина мора да ги вклучи Украинците

Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска изјави дека секоја спогодба во Украина за одржлив мир што ќе се разгледува мора да ги вклучи Украинците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон беше во Варшава за да разговара со полскиот премиер Доналд Туск за европската поддршка на Украина само неколку недели пред Полска да го преземе претседавањето со ЕУ од Унгарија, пренесе Ројтерс.

Зборувајќи во Варшава, Макрон, исто така, рече дека неодамнешните извештаи за мешањето на Русија во изборите во Грузија и во Романија покажуваат дека Европа треба да ги засили своите способности да се одбрани од хибридните напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ