петок, 21 март 2025

Макрон: Мир што всушност е капитулација е лоша вест за сите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека само украинскиот претседател Володимир Зеленски може да преговара во име на својата земја, предупредувајќи дека дозволувањето „мир што всушност е капитулација“ би била „лоша вест за сите“, вклучително и за Соединетите Држави, објави Фајненшл тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Единственото прашање во оваа фаза е дали претседателот Путин е искрено, одржливо и веродостојно подготвен да се согласи на прекин на огнот на оваа основа. После тоа, на Украинците им останува да преговараат со Русија“, рече Макрон за време на интервју во Елисејската палата.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Украина ќе биде вклучена во мировните преговори со Русија, иако Киев рече дека би било прерано да се разговара со Москва на безбедносната конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ