Србија вчера, на првиот ден на посетата на Макрон, со Франција потпиша договор за купување 12 нови борбени авиони „рафал“ вредни 2,7 милијарди евра.
Договорот, потпишан од српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и директорот на Десо авијасион Еерик Трапие, вклучува логистички пакет, резервни мотори и делови за повеќенаменските ловци.
Макрон оцени дека купувањето на „рафалите“ е „јасен избор кој претставува волја за долгорочен сојуз на двете држави во рамки на силна, суверена Европска Унија“.
Тој порача дека местото на Србија е во Европската Унија и дека „на ЕУ ѝ треба силна Србија“, а на Србија ѝ е потребна „силна и суверена ЕУ за да ги брани нејзините интереси“.
Посетата на шефот на француската држава беше проследено со потпишување вкупно 12 меѓудржавни договори.