Повикот доаѓа откако САД ја презедоа улогата на водачи на мировните преговори со Рузија за војната во Украина, без учество на земјите од Европа.
На самитот ќе присуствува и британскиот премиер Кир Старме. Тој рече дека ова е „момент кој се случува еднаш во генерација за нашата национална безбедност“ и дека е јасно дека Европа мора да преземе поголема улога во НАТО.
Европските лидери се организираат откако специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Украина рече дека европските лидери ќе бидат консултирани, но нема да учествуваат во какви било разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната.
Деновиве во Саудиска Арабија треба да се сретнат високи претставници на Белата куќа, вклучително и американскиот државен секретар Марко Рубио, со руски преговарачи. Специјалниот пратеник на Трамп, Кит Келог, рече дека претходните преговори пропаднале бидејќи биле вклучени премногу страни.
Францускиот претседател ги повика европските лидери на итен самит во Париз за да се разговара за проблемите поврзани со изјавите на Доналд Трамп.
Од кабинетот на Макрон соопштија дека на состанокот ќе учествуваат претставници од Франција, Велика Британија, Германија, Полска, Италија, Шпанија и Данска, која ќе ги претставува балтичките и скандинавските земји. Ќе бидат присутни и преседателите на Европскиот совет и Европската комисија како и шефот на НАТО.