понеделник, 14 октомври 2024

Макрон до Си: Знам дека можам да сметам на вас да ја вразумите Русија

Објавено на

часот

Сподели

Макрон, кој вчера пристигна во Кина во тридневна државна посета, се ракуваше со Си во срцето на кинескиот главен град. Си го пречека својот гостин на црвен тепих, со кинески и француски знамиња и национални химни, пренесува АФП.

„Руската агресија во Украина ѝ нанесе удар на стабилноста. Знам дека можам да сметам на вас да ја вратите Русија на страната на разумот и сите страни на преговарачка маса“, му рече Макрон на Си.

За време на посетата на Пекинг, францускиот претседател рече дека Кина може да „игра важна улога“ на патот кон мирот во Украина и ја поздрави „подготвеноста и посветеноста на Кина за решавање на конфликтот“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му се придружи на Макрон во Пекинг. Макрон рече дека „сака да биде гласот што ја обединува Европа“ по прашањето за Украина, а неговото патување во Кина со шефицата на ЕК „дополнително ја нагласува доследноста на таквиот пристап“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ