Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, но денеска пред нашите ракометарки е еден поинаков меч.
Швеѓанките беа јасни фаворити во дуелот со нас, но Турција е селекција против која одиме на победа.
Против Турчинките немаме позитивен баланс. Имаме одиграно пет средби, а остварно само една победа, во 2018 година. Следните четири меча ги доби Турција, последниот на Медитеранските игри во 2023 година.
И покрај ваквиот меѓусебен скор, Македонија важи за благ фаворит во денешната пресметка, која ако ја добиеме ќе останеме со шанси за втората позиција која води во следната фаза.
Во вториот натпревар од нашата група, од 18 часот играат домаќинот Унгарија и Шведска.