Македонија е огромен фаворит во овој натпревар бидејќи Грузија на последните 40 натпревари има исто толку порази, за разлика од нас кои врзавме учества на три последователни Европски првенства.
Покрај Грузија, во нашата група е и селекцијата на Грција против која играме на 25 август на домашен терен.
Првопласираната селекција од групата оди на Европско првенство. Пласман на континенталниот собир обезбедуваат и најдобрите пет второпласирани од седумте групи.