Одбојкарската репрезентација на Македонија имаше реална шанса да направи изненадување во Осјек и да ја победи Хрватска која е прва во групата со пет победи од исто толку мечеви, се боревме храбро, водевме со 2-1 во сетови, на крајот го загубивме натпреварот во пет сета.
Првиот сет се играше на разлика, Хрватите имаа повеќе сет топки и на крајот го добија сетот со 33-31 и поведоа со 1-0.
Следуваше период на Македонија, вториот сет ни припадна нам со 25-17, а во вториот бевме подобро со 29-27 и направивме комплетен пресврт, поведовме со 2-1 во сетови.
Но, Хрватите повторно го кренаа нивото, го добија следниот сет со 25-21 и израмнија на 2-2. Во петтиот решавачки тие беа подобри со 15-12 и дојдоа до триумф од 3-2 во сетови.
Најефикасен во нашата селекција беше Никола Ѓорѓиев со 35 поени, Савоски имаше 15, а Владо Милев 12.
Утре Македонија има нов предизвик, во истиот термин, од 19 часот играме против Шпанија.