Кошаркарите денеска го почувствуваа паркетот каде ќе се одигра мечот, го имаа првиот тренинг во салата „Швитурио“.
За разлика од дуелот кој се играше во Скопје, Македонија на утрешниот дуел треба да ја има помошта и од Ненад Димитријевиќ кој го пропушти првиот меч поради настап во Евролигата.
Натпреварот меѓу Литванија и Македонија се игра утре од 18.30 часот во Клаипеда.