Македонија и Шведска одиграа исклучително неизвесен натпревар во кој се играше и продолжение. Драмата на крајот ја доби нашата репрезентација со еден поен разлика.
Цветковски со 20 поени беше најдобар стрелец во нашата репрезентација, кај Швеѓаните Молемарк даде 22 поени.
Следен противник на македонските надежи е Естонија, мечот се игра на 12 август.