Седма победа од седум натпревари за Македонија на турнирот кој се игра во Скопје, денешниот триумф над Бугарија ни донесе финале, но и место во „А“ дивизијата каде што се најдобрите селекции од континентот.
Македонија ја надигра Бугарија, имавме пад само во третиот период во кој гостите се доближија на едноцифрена предност, но во последната четвртина буквално ги прегазивме, имавме серија и од 20-0. На крајот конечниот резултат гласеше 92-68 за нашата репрезентација.
Луканоски имаше дабл-дабл учинок со 20 поени и 16 скокови, исто како и Трајанов со 17 поени и 11 скокови, Јаничиќ даде 17 поени, Марјановиќ 12.
Финалето се игра утре вечер, а противник на Македонија ќе биде подобриот од дуелот меѓу Австрија и Полска.