Од 2007 година дел од овој програм биле стотина филмови од краток формат кои потоа остваруваат успеси и премиерни прикажувања низ светските фестивали како Кан, Берлинале, Локарно, Санденс. Од илјадници апликации секоја година, „European Short Pitch“ издвојува вкупно 12 проекти од исто толку европски земји.
„Програмот има за цел да ги развие, вмрежи во копродукции и дистрибуција, како и да ги промовира филмските остварувања при понатамошниот тек на реализација“, соопштија од продукциската куќа.
Продуцент на филмот „Врзани“ е Вардан Тозија и продукциската куќа „Унита филм“.