„Сакаме да изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој да се замолкне и да се спречи да работи во Македонија.
Укажуваме дека ова е пример на заробена институција која се инструментализира за прогон врз автори, со што се нанесува далекусежна штета не само на филмската дејност ами и на целата култура воопшто. Сметаме дека е недозволиво е да се компромитира македонската култура на меѓународен план на овој начин.
Македонската секција и во иднина ќе продолжи да осудува кога некој автор или други професионалци во филмската дејност ќе бидат институционално прогонети или стигматизирани“, пишува во поддршката од ФИПРЕСЦИ.