„Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. Вреди изразува благодарност до сите граѓани кои денес го остварија своето избирачко право мирно и достоинствено, покажувајќи на тој начин висока демократска култура“, истакна Сулејмани.
Тој рече дека очекуваат од Државната изборна комисија фазата на затворање и броење на гласовите да го спроведе како и во првиот круг, со целосна транспарентност, точност и професионализам, во согласност со законот и со волјата на граѓаните.
„Според нашите информации од теренот, кандидатите на коалицијата Вреди добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат и очекуваме резултати кои ќе ја потврдат таа доверба. Вреди ќе продолжи внимателно да го следи процесот до објавувањето на конечните резултати и останува посветен на фер избори, почитување на секој глас и зајакнување на довербата во демократските процеси“, истакна Сулејмани.
Тој најави и нови прес-конфренции во наредните часови на кои ќе се објавуваат и првичните резултати.






