среда, 27 мај 2026

Во април повеќе се продавало храна, пијалаци и тутун, а помалку се точело гориво

Во април годинава во однос на април лани реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3  проценти, а реално за 11.3 проценти, а во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 1.1 процент, а реално е зголемена за 5.2 проценту.

Во Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.6 проценти, а реално за 9.3 проценти, а во Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 19.4 проценти, а номинално за 1.8  проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ