„Имено, дека Владата се грижи за пензионерите покажува тоа што уште првата недела од мандатот донесе одлука за линеарно покачување на пензиите на сите пензионери за 5.000 денари, со септемвриската и мартовската пензија. Ветивме и исполнивме. Владата ги покачи пензиите за 5.000 денари, линеарно за секој пензионер.
Владата покажа дека се грижи и работи одговорно и посветено. Пензионерите заслужуваат достоинствен живот и вистинска грижа за нивните потреби. Со ова, како Влада го исполнивме едно од ветувањата за најстарата категорија на граѓани и обезбедивме поквалитетен живот за нив.
Продолжуваме посветено да работиме за подобрување на животниот стандард на граѓаните“, се вели во владиното соопштение.