недела, 7 декември 2025

УЗКН ќе поднесе пријава за оштетување културно наследство по уривањето на старата струшка куќа

Управата за заштита на културно наследство (УЗКН) соопшти дека согласно постоечката законска регулатива, до надлежните „ќе поднесе соодветна пријава за оштетување на културно наследство“, по нанесената штета на старата струшка куќа во најтесното градско јадро во Струга, која е заштитен објект-споменик.

Објавено на

часот

Сподели

„Од страна на инспекцискиот надзор кој сѐ уште е во тек, сум известена дека до паѓање на калканскиот зид најверојатно дошло поради постоење подземна вода, соопшти директорката на Управата“, Весела Честоева.

Управата информира дека согласно своите законски надлежности постапила веднаш и на терен испратила инспекциската служба да изврши увид, по претходно доставен извештај од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

„Управата за заштита на културното наследство издала Решение за заштитно-конзерваторски услови за рушење на постојниот и изградба на нов објект на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 14 во Струга, КП 1336 КО Струга. Во управната постапка било прибавено Мислење од Комисијата за управување со светското и природно културно наследство на Охридскиот регион. Управата врз основа на Мислењето од комисијата, во Решението за заштитно-конзерваторски услови, покрај другите услови за преземање  мерки на непосредна заштита, укажала дека објектот во сопственост на Зуди Каба се наоѓа непосредно до и дели калкански ѕид со поединечно заштитеното добро Стара струшка куќа и затоа потребно е да се дефинира начинот на рушење на постоечкиот објект и мерките за заштита од оштетување или загрозување на постојниот, поединечно заштитен објект. Мерките за заштита за соседниот објект, кој е поединечно заштитено добро, се определуваат во основниот проект и треба да бидат соодветно применети од изведувачот на објектот“, пишува во соопштението од Управата.

Управата за заштита на културното наследство ја прогласи стара струшка куќа за значајно културно наследство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ