петок, 25 јули 2025

Утре попладне дожд, грмежи и ветер, а среда и четврток многу топло

Локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер за утре попладне прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Како што соопшти, наместа процесите ќе бидат поинтензивни.

Објавено на

часот

Сподели

Потоа, во следните два дена (среда и четврток), ќе преовладува сончево и многу топло време и максимална температура до 39 степени, со мала до умерена локална облачност.

„Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура“, информира УХМР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ