недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Управниот суд ја потврди одлуката на ДИК за поништување на листата за советници на Град Скопје на ДНЕТ

Управниот суд ја одби жалбата на подносителот на листата за советници во Град Скопје на Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) против одлуката на ДИК.

Објавено на

часот

Сподели

Државната изборна комисија (ДИК) вчера донесе одлука за поништување на потврдена листа за членови на Советот на Град Скопје поднесена од ДНЕТ затоа што листата имало починато лице.

„Ние ја добивме одлуката и таа ќе биде објавена дека тужбата е одбиена, а одлуката на Државната изборна комисија е потврдена. Тоа значи дека одлуката на Државната изборна комисија останува во сила и сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје што би биле дадени за оваа листа, за оваа политичка партија, според нашата одлука, ќе се сметаат за неважечки“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Кондарко вели дека на избирачките одбори, на општинските изборни комисии и на градската изборна комисија на Град Скопје им се дадени насоки ваквите гласови да се евиндентираат како неважечки во соодветните записници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ