недела, 7 декември 2025

Стаменкоска-Трајкоска, Мицевски и Проданоски не се повеќе пратеници

Пратениците Бети Стаменкоска-Трајкоска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски не се повеќе пратеници откако на штотуку завршените локални избори беа избрани за градоначалници на општините Кисела Вода, Сопшите и Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

На тројца пратеници кои се избрани за градоначалници им престана пратеничкиот мандат. Државната изборна комисија сега треба да го информира Собранието за новите пратеници кои треба да дојдат на нивно место.

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска на почетокот на собраниската седница рече дека согласно член 8 и член 152 од Изборниот законик со денот на верификација на мандатот градоначалник, им претстанува пратеничкиот мандат.

Пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска е избрана за градоначалник на Кисела Вода, пратеникот Јане Мицевски за градоначалник на Сопиште, а Дејан Проданоски за градоначалник на Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ