„Заев на почетокот на зимата го остави РЕК без јаглен. Само 40.000 тони јаглен, што е доволно за само три дена се наоѓа на депонијата на РЕК. На државата буквално ѝ се заканува да снема струја или да ја плаќа екстремно скапо и тоа само заради Заев и неговата неспсобност и трчање по тендери 5 години по ред.
Заев ја турна Македонија во криза, и секој ден поминат со Заев е нов трошок за Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






