недела, 24 мај 2026

Шекеринска: Словенија ќе обучува македонски пожарникари во рамки на програмата „Берово“

Објавено на

часот

Сподели

На пожарникарите ќе им биде обезбедена и пожарникарска опрема, а обуката би се одвивала во фази и ќе продолжи и во наредните години, соопшти Министерството за одбрана.

„Вашето учество на денешниот состанок освен што е важно за регионот, има и европска компонента, бидејќи Словенија е земја претседавач со Советот на ЕУ. Заедничките проекти што ги работиме, како што е програмата ‘Берово’ се многу позначајни бидејќи се практична демонстрација на соработката, а не само потпишување документи“, рече Шекеринска.

Министерот Тонин кажал дека стратешката соработка ќе значи и експертска поддршка за која македонската страна треба да ги истакне потребите.

„Ја имате нашата целосна поддршка и сега и во иднина како за зајакнување на кризниот менаџмент така и за европските аспирации. Можете секогаш да сметате на нашата поддршка“, подвлече Тонин.

На средбата станало збор за договорот за стратешка соработка кој е пред финализирање, учеството на Северна Македонија во словенечкиот контингент ва засиленото НАТО присуство во Летонија и за други прашања од одбранбената соработка на двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ