„Со партнери кои се против НАТО, кои се против Договорот од Преспа, кои се против концептот едно општество за сите, против членството во ЕУ, јасна е агендата на Мицкоски. Нема тука никакви политички идеи, никакви вредности, нема политички принцпици, платформа, Мицкоски има само и единствено желба за власт.
Конфликтот на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата.
СДСМ како партија која е на страната на граѓаните, на националниот интерес и напредокот на државата ги повикува на соработка сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, соопшти СДСМ.






